Започнува со работа собраниската Комисија за импичмент на Иванов

За денеска, четврток, во 11 часот, во Собранието е закажана првата седница на Комисијата за оценување на основаноста на предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност или импичмент на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Комисијата има 11 члена од кои шестмина пратеници се на ВМРО-ДПМНЕ. Според пратениците ова ќе биде уште една деловничка фарса на власта во која со надгласување ќе се блокира уште една комисиска расправа. 

На собраниска седница за формирање на Комисијата, пратениците на СДСМ не гласаа за нејзинот формирање, затоа што сметаат дека застапеноста на пратениците во комисијата не е соодветна. Тие ја обжалија и до Управниот суд.

Не се знае дали денеска на комисиската седница и ќе присуствуваат двајцата членови од СДСМ. Според нив, основањето на комисијата било сторено со грубо кршење на деловникот. Речиси е извесно, и власта тоа не го крие, дека преку оваа комисија ќе се блокира дебатата за импичмент за претседателот Иванов, и јавноста ќе биде ускратена за јавна седница на која ќе се кажат и слушнат  ставовите на целата парламентарна опозиција и власта во врска со одлуката на Иванов за  аболиција на 56 политичари и нивни соработници, која подоцна ја укина за 22 политичари, со можност другите сами, поединечно да побараат укинување на нивната аболиција.

 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе