Запознајте ги најбогатите жени во светот

Откако се разведе од најбогатиот човек во светот, Мекензи Безос стана дел од друштвото на најбогати жени во светот. Покрај неа се наоѓаат уште неколку успешни жени, кои го стекнаа нивното богатство на малку поразличен начин.

Кога најбогатиот човек на светот и неговата сопруга ќе решат да се разведат, бројките се секогаш огромни. Така беше случајот и минатата недела, кога Џеф Безос и неговата поранешна сопруга Мекензи решија да се спогодат околу условите за развод.

Според спогодбата, Мекензи (екс) Безос ќе задржи 4% од акциите во најголемата компанија за онлајн трговија, Amazon. Нејзиниот дел вреди околу 35,6 милијарди долари, а таа преку ноќ стана третата најбогата жена во светот и дваесет и четврти најбогат човек на светот. А кои жени се на врвот на листата на најбогати во светот?

1 – Франсоаз Бетенкур Мејерс

Вредност: 49,3 милијарди долари

Која е таа: Француска наследничка на компанијата L'Oréal, која заедно со нејзиното семејство поседува 33% од оваа компанија. Покрај тоа, Франсоаз е и авторка на неколку книги за грчки богови и еврејско-христијански односи.

2 – Алис Волтон

Вредност: 44,4 милијарди долари

Која е таа: Алис има 69 години и е ќерка на Сем Волтон – основачот на американскиот ланец на супермаркети наречен Walmart. Таа, за разлика од нејзините браќа, се оддалечи од компанијата и почна да се занимава со уметност.

3 – Мекензи Безос

Вредност: 35,6 милијарди долари

Која е таа: Таа е родена во Калифорнија, има 48 години и само што стави крај на 26-годишниот брак со Џеф Безос, основачот на Amazon. Има објавено неколку книги кои наидоа на одлични критики, а ја основа и добротворната организација Bystander Revolution.

4 – Жаклин Марс

Вредност: 23,9 милијарди долари

Која е таа: Жаклин има 79 години и поседува една третина од компанијата Mars, која е најголемиот светски производител на слатки. Луѓето кои добро ја познаваат ја опишуваат како филантроп, а таа меѓу другото е и член на Националната архива на САД.

5 – Јанг Хуијан

Вредност: 22,1 милијарди долари

Која е таа: Оваа 37-годишна Кинезинка поседува 57% од компанијата Country Garden Holdings, која „процвета“ во бранот на експанзија на кинеските градежни компании. Јанг има дипломирано на универзитетот во Охајо, а поголемиот дел од нејзиното богатство го должи на компанијата, која ја наследи од татко ѝ.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе