Живот

Запознајте го блогерот кој станал милионер патувајќи низ светот

4. јули 2016 - 12:21 | Б.С.Б.

Џони Вард има 32 години и зацртана цел во животот, да ги прошета сите земји во светот. Досега прошетал низ 193 земји, моментално е во Тајланд, а негова следна дестинација е Саудиска Арабија.

Поранешниот професор дал отказ од работа и започнал да пишува на свој блог, документирајќи ги патувањата.

За себе вели дека не потекнува од богата фамилија, ниту дека има богати спонзори. Неговата приказна е документирана на блогот One Step 4ward.  Интересно за него е што има заработено повеќе од 1 милион долари од патувањето и пишувањето.

„Ако јас можам да го правам ова, тогаш секој може. Само треба човек да има малку верба“, вели тој за CNN.

Со пишување започнал во 2006 година. Откако ја продал првата реклама почнал да патува низ Етиопија. Откако добил поголема публика на социјалните медиуми, почнал да заработува околу 30.000 долари месечно.

Вели дека еден ден сака да се скраси на едно место и да се ожени, се разбира откако ќе заврши со патувањата низ светот.

Коментирај