Моќта на умот

Запознајте го човекот на кој му е забранет влезот во коцкарници

Доминик О’ Брајан е познат како човек со совршена меморија и токму поради тоа му е забранет влезот во коцкарниците во Лас Вегас. Овој 59-годишен човек во период од десет години осум пати го освоил Светското првенство во паметење и е Гинисов рекордер.

Во Велика Британија е познат како Господин Меморија.

„Мозокот е посовршен и покомплициран од компјутер, а кога сме се родиле не сме добиле упатства за него“, вели тој. Како дете доживеал силен удар во главата и смета дека тоа влијаело на неговата способност за паметење.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=wxOPJjOceI0]

Во детството имал одредени проблеми за кои вели дека ги надминал со креативно размислување. Училиштето го напуштил на 16 години, а со проучување и мемориски вежби започнал да се занимава сосем случајно на 30 години, откако на телевизија видел како еден човек меморира карти за краток временски период.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=b5z88LtePtk]

По една година и самиот се нашол во Гинисовата книга на рекорди, а оттогаш почнуваат неговите успеси поврзани со меморијата.

„Не постојат граници, во ова можеш брзо да напредуваш ако работиш напорно“, вели тој.

Има напишано неколку книги во кои ги пренесува своите знаења и техники на паметење. Денес се занимава со тренирање на разни експерти, јавни личности и студенти покажувајќи им како да си ја подобрат меморијата и когнитивните способности. И додека ќе остане запаметен како човекот со најдобра меморија, тој не може да си ја проба среќата во коцкарниците во Лас Вегас, но и во светот.

„Во повеќето коцкарници во светот знаат за моето фотографско паметење и влезот ми е забранет. Но, тоа и не е толку голема трагедија“, вели тој.

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=4EUIuW6eCHE]

 

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе