Запознајте ја Кејти Бауман - девојката одговорна за првата фотографија од црна дупка

Она што почна како обична среда заврши како еден од најголемите денови за модерната наука, бидејќи за првпат имавме можност да видиме како изгледа една црна дупка. Фотографијата од црната дупка ја направи телескопот Event Horizon, благодарение на компјутерска програма развиена од страна на Кејти Бауман. А која е таа?

Осум радио телескопи низ светот работеа со здружени сили за да ја креираат првата фотографија од црна дупка некогаш направена. А во самиот центар на овој значаен проект беше 29-годишната Кејти Бауман – компјутерски научник со образование стекнато на елитниот МИТ.

Бауман работеше на компјутерската програма уште во деновите кога фигурираше како студент, а со помош на останати компјутерски експерти и техничари, истата таа програма беше искористена како платформа за креирање на фотографијата од црната дупка. Покрај тоа, таа работеше и на верификување на фотографиите добиени од осумте телескопи.

Некој би рекол дека нејзиното име стана познато благодарение на социјалните мрежи, кои веднаш по објавувањето на фотографијата од црната дупка беа преплавени со слики и објави кои го нагласуваат влијанието на Кејти на овој проект. Но, тоа не е точно.

Она што ја направи позната е нејзината работа, трудот и енергијата која ја внесе во овој револуционерен научен чекор напред. Кејти Бауман ќе остане запаметена како научникот кој е одговорен за фотографијата од црната дупка и тоа не може никој да го смени. Многу луѓе го споредија нејзиниот труд со оној на Маргарет Хамилтон, која во 1969 беше клучен дел од тимот кој го испрати Аполо 11 на Месечината.

„Никој не можеше да го направи ова сам. Луѓе од многу позадини, од многу земји, од различни култури се собраа заедно за да го реализираат овој проект“, изјави Боуман за CNN.

Самодовербата е она што ја истакнува Кејти Бауман од околината, па и од повеќето научници кои работат на врвни позиции. Таа уште во 2016 година го предвиде овој момент, кога во нејзиниот говор за TED Talk наречен „Како да направите фотографија од црна дупка“ рече дека „тим од научници мора да ги здружи силите за да се креира првата фотографија од црната дупка“. И така би!

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе