Запознајте се со дружината: Нов тизер за „Spider-Man: Into the Spider-Verse“
Sony претстави нов краток тизер за анимираниот филм „Spider-Man: Into the Spider-Verse“ во кој можете подобро да се запознаете со целата дружина од луѓе-пајаци, меѓу кои е и протагонистот Мајлс Моралес.
Гласот на Мајлс Моралес го позајмува актерот Шамик Мур, познат по улогата во серијата „The Get Down“, додека улогата на Питер Паркер ја толкува Џејк Џонсон („New Girl“). Дел од гласовите во филмот ги позајмуваат актери како Лив Шрајбер, Николас Кејџ, Хејли Стенфилд и Лили Томлин.