Застрашувачка снимка од внатрешноста на запалениот руски авион
На интернет е објавена застрашувачка снимка направена од патници на рускиот авион што се запали на аеродромот во Москва.
Властите на рускиот регион Мурманск прогласија три дена жалост поради авионската несреќа што се случи на московскиот аеродром Шереметјево, при што загина 41 лице. Во авионот имаше 78 патници, од кои 41 загинаа, 37 преживеаја. Меѓу преживеаните се четворица од екипажот. Шест патници се згрижени во болница.
Рускиот истражувачки комитет спроведе истрага на аеродромот за да ги утврди причините за несреќата.