Американскиот Стејт департмент соопшти дека вчера вечер е пријавен вооружен инцидент во близина на амбасадата на САД во Анкара, а медиумите јавуваат дека американската амбасада е затворена од безбедносни причини.
Амбасадата на САД ги предупреди американските државјани во Турција, наведувајќи дека „во тек е безбедносен инцидент“, само два часа по убиството на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, јави Reuters.
„Американците би требало да го одбегнуваат патувањето во јужните делови на Турција и внимателно да ги разгледаат сите ризици од патување низ оваа земја“, наведе Стејт департментот во соопштение.
Амбасадата на САД се наоѓа на шест километри од уметничката галерија во која е убиен Карлов, а RT наведува дека е затворена од безбедносни причини.