Затворениците во Гвантанамо веројатно никогаш нема да излезат

Американската војска го модернизираше затворот во Гвантанамо за го адаптира за поугоден живот на сè постарите затвореници. Токму поради тоа овој злогласен затвор сè повеќе наликува на геријатриски оддел.

Посебен медицински центар, теретана, сала за операции, се само дел од новините. Неколку новинари беа поканети да ја посетат новата амбуланта. Болничкиот кревет изгледа како и секој друг, а во просторијата исто така има и инвалидска количка и медицинска опрема. Собата нема прозорци туку мал отвор на покривот од матно стакло и решетки. Од другата страна на ходникот е столица за вршење нужда.

Најстариот затвореник од вкупно 40 затвореници во Гвантанамо има 71 година, а најмладиот 37. Просечната возраст е 46 години. САД ги сметаат овие луѓе за преопасни. Свесни дека затворениците никогаш нема да си заминат од овде, американските власти одлучија дека Гвантанамо нема да се затвори. Ќе продолжи со работа уште 25 години.

„Многу размислувавме за тоа како да го подготвиме сместувањето на постарите затвореници и за инфраструктурата која ќе биде потребна за да биде безбедно и хумано“, изјави Ен Леанос, вработена во затворот.

Од отворањето во 2002 година досега умреле 9 затвореници од кои 7 се самоубиле. Еден затвореник починал од рак, а друг од срцев удар.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе