Хроника

Затвореник кој боледувал од цироза починал на клиника

27. октомври 2016 - 16:59 | Макфакс

Затвореник од затворот „Идризово“, на возраст од 29 години, починал вчера на Клиниката за гастрологија.

Случајот бил пријавен вчера попладне во 17 часот, а според пријавата од Клиниката затвореникот бил донесен на клиниката пред три дена поради влошена здравствена состојба како последица на цирозата.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коментирај