Хроника

Затвореник починал на пат кон Клиника

18. октомври 2016 - 13:38 | Макфакс

Вчера вечерта во 21.45 часот затвореник починал на пат од затворот „Идризово“ кон Клиничкиот центар.

Засега не се познати причините поради кои починал четириесет и шест годишниот Ш.З. од струшкото село Радожда и зошто бил осуден.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е пренесено на судска медицина за обдукција.

Коментирај