Во текот на вчерашниот ден, при извршен претрес на еден од затворениците во Идризово, пронајдени се паковки со прашкаста материја, соопшти МВР.
Вчера во 19:35 часот во КПУ „Идризово“ при извршен претрес на Е.Љ.(27) од Скопје, лице кое издржувало затворска казна, во патика му биле пронајдени 40 паковки со прашкаста материја и истите биле одземени.
Се работи на целосно расчистување на случајот.