Завршува 58-то издание на СВП

Струга, 26 август 2019 (МИА) – Со големата поетска манифестација „Мостови“, вчеравечер на Мостот на поезијата, на истекот на Црн Дрим од Охридско Езеро, Струга и стружани се простија од гостите – учесници на 58-то издание на „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), една од најголемите културни манифестации во земјава и најстариот поетски фестивал во светот што се одржува во континуитет секоја година.

Во церемонијалниот дел беа доделени трите награди што ги доделува СВП.

Претседателот на Управниот одбор на СВП, Елизабета Шелева ја додели главната фестивалска награда, „Златен венец“ на годинашниот лауреат, романската поетеса Ана Бландијана.

Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга издадена меѓу две изданија на фестивалот е Јовица Ивановски за неговата книга „Човек“, додека наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска книга, која СВП ја доделува под покровителство на УНЕСКО ја доби младата хрватска поетеса Моника Херцег за нејзината збирка „Почетни координати“. Наградата на Ивановски му ја додели претседателот на жири-комисијата за наградата, Милован Стефановски, а на младата поетеса, директорот на фестивалот, Тодорче Тасевски.

По доделувањето на наградите, пред стружани 19 поети од земјава и од странство, меѓу кои и тројцата наградени, повторно читаа свои творби.

Традиционално, со манифестацијата „Мостови“ фестивалот се простува од градот-домаќин.

Сепак, тоа не е и вистинскиот крај на годинашниот фестивал, оти поетскиот карван денеска ќе посети неколку други градови освен Охрид, каде вчера се одржаа некои од клучните настани на фестивалот, а завршниот настан вечерва е во Музејот на современа уметност во Скопје.

Завчера во Охрид, во катедралниот храм Света Софија се одржаа две претставување на славни поети. Првин беше презентиран поетскиот портрет на починатиот поет Матеја Матевски, добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата во 2011 година. За поетското дело на Матевски говореше академик Георги Старделов, а Поетскиот портрет на годинашната лауреатка, Ана Бландиана, го претстави проф. д-р Елизабета Шелева. Во рамките на поетските портрети беа прочитани дваесетина песни од двајцата автори во оригинал и во превод на неколку јазици.

Славењето на поезијата потоа беше заокружено со мини-концерт во Света Софија, при што Дино Имери на клавир исполни две дела од Рахмањинов, потоа негова обработка на народната песна „Јас те пратив на вода, Калино“, а во завршницата, во чест на лауреатката, Романски народен танц бр.3 од Бела Барток.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе