Рецепти

Здрав доручек кој ќе ви го претвори лошиот ден во добар

17. февруари 2017 - 12:28 |

Кога се чувствувате лошо, станувањето од кревет и почнувањето со обврските е последната работа која сакате да ја направите. Во ова, може да ви помогне „паметниот доручек” кој ќе ве „крене од мртвите”, а за него ви се потребни само три состојки.

Доручекот кој го смисли нутриционистката Тери Вилијамс помага во таквите денови да се снабдите со потребната енергија. Станува збор за чиа пудинг, а за рецептот ви се потребни:

2 шолји кокосово млеко

1/2 шолја чиа семе

1 лажица јаворов сируп

Сите состојки помешајте ги во поголем сад додека не добиете компактна смеса. Потоа, смесата оставете ја 4 часа на собна температура, а потоа оставете ја преку вечер во фрижидер на ладење.

Наутро, послужете го со свежо овошје или јаткасти плодови. Со обзир на состојките, овој здрав доручек би требало да ве држи сити до ручек.

Добар апетит.

Коментирај