Во есен треба да го зајакнете имунитетот за да се заштитите од настинки и грип.
Како да подготвите вкусна и лесна супа?
Состојки:
Лажичка маслиново масло
Главица кромид
Два моркови
Целер
Две чешниња
1 поголем сладок компир
300 гр. тиква
Карфиол
Две шолји исецкана зелка
Половина литар сос од домати
Бујон од зеленчук
Лажичка сол
Пола лажичка бибер
Две лажички магдонос
Начин на подготовка:
Во длабока тава сипете маслиново масло и ставете да се загрее на огин на средна температура.
Во неa додајте ги кромидот, целерот, па ставете да се пржaт околу 3-5 минути. Додајте и лук и пржете уште една минута.
Додајте сладок компир и исечена тиква на коцки, карфиол па оставете да се вари околу пет минути.
Додајте ја зелката, сосот од домати, бујонот, зачинете и промешајте. Оставете да се динствува, па потоа да се вари уште половина час.
Тргнете ја од огин, додајте магдонос и послужете ја топла.