Едно девојче од Кент, Англија мора да почитува многу строги правила на живеење, кои произлегуваат од нејзината специфична алергија, т.н. „алергија на 21-от век“.

Десетгодишната Моли Харад не може да носи нормална облека или обувки. За неа е опасен и секој контакт со било кој вид на тепих. Во училишната кујна и подготвуваат специјални оброци кои ги консумира под надзор на повозрасните, поради стравувањата дека некоја храна може да и предизвика алергиска реакција.
Поради необичната алергија малата Моли е принудена цел ден да носи специјални ракавици, да се бања со посебен раствор поради заштита на кожата и да конзумира огромен број на лекови.
Таа реагира речиси на се: сапун, шампон, прашина, млеко, чоколадо, јајца, леб, тестенини, магнет, пластика, полен, монети, хемиски пенкала, компјутерска тастатура...
Лекарите не се во можност да ја објаснат нејзината болест, но според пишувањето на локалните медиуми, нејзините родители тврдат дека никогаш не би страдала од вака тежок облик на алергија доколку е родена сто години порано. Генијален заклучок на нејзините родители. Да ги прочита Марфи, ќе направи закон кој ќе звучи некако вака: „Ако мислиш дека доколку си се родила пред сто години немало да бидеш алергична на се, не заборавај дека „баксузите“ се вонвременски категории на луѓе“. :)