A ние цело време се обидувавме со методите базирани на ананас (јадеш се освен ананас). Јапонците тврдат дека токму со оваа неверојатно едноставна банана диета се постигнуваат магични резултати на полето на слабеењето.

Јапонската банана диета стана позната и ширум светот кога Хироши Ватанабе го објави својот метод на интернет, а милиони буцкасти од целиот свет се загреаа моментално за оваа идеја. Во рекордно време излегоа неколку книги за диетата (ако е толку едноставна, што ќе ти се книги), продажбата на банани порасна неколкукратно, а супермаркетите заедно со овошјето даваат и проспекти со упатства за диетата.
Еве ви го рецептот, па пробајте си ја среќата: за доручек јадете само банани, колку ви душа сака. Со бананите смеете да пиете само обична вода на собна температура. За сите останати оброци, кркајте што сакате (нема десерти!), а после 20:00 часот, заклучете го фрижидерот со катанец. Легнување во кревет, пред полноќ.
Ако ви успее, јавете ни ЗАДОЛЖИТЕЛНО! Ние сеуште остануваме верни на ананасот :)