Kога пред многу години Џорџ Лукас ги измисли lightsaber мечевите сигурно не ни сонувал дека нивната помала и помалку опасна варијанта еден ден би можела да се користи во стоматологијата.

Овој необичен апарат на врвот има млаз на плазма кој служи за дезинфекција на внатрешноста на забот при неговата поправка. Иако изгледа жешко, млазот држи константна собна температура. Го направија двајца американски научници, Чункви Јианг и Париш Седгижаде од Универзитетот во Калифорнија.
Бактериите во устата се одговорни за многу запаленија против кои е тешко да се бориме. Меѓутоа, истражувањата покажаа дека бактеритие во каналот на коренот од забот лесно се уништуваат со помош на плазмата.
Плазмата, четвртата агрегатна состојба, се состои од електрони, јони и најчесто се наоѓа во вселената, ѕвездите и молњите. И додека природната плазма е врела, оваа е на собна температура и безбедна при допир. После 10 минути користење на сондата, температурата во забот расте за само пет степени.
Температурата на плазмата е ниска бидејќи сондата не испраќа константна енергија, туку во пулсови, па плазмата може да се олади меѓу два млаза.