Фразата “Умрев од досада“ треба буквално да се сфати. Едно истражување покажа дека луѓето на кои им е здодевно на работното место покрај животната радост - си го скратуваат и животниот век.
Истражувачкиот тим од Одделот за епидемиологија и јавно здравје на University College London 25 години следел повеќе од 7.000 државни службеници на возраст помеѓу 35 и 55 години. Оние учесниците во студијата на кои често им било досадно имале скоро 40 проценти поголеми шанси да умрат до крајот на истражувањето, отколку оние кои не пателе поради досада.
Едно од објаснувањата за ваквите резултати според научниците е во тоа дека луѓето незадоволни од својот живот почесто посегаат по нездрави навики како пушње и пиење што секако го скратува животниот век.
Др. Мартин Шпили, еден од ко-авторите на студијата која е објавена во International Journal of Epidemiology, вели: „Имаме доволно докази кои ги поврзуваат срцевите болести со досадата. Луѓето на кои работата им е досадна, треба да пронајдат некаков интерес или хоби со што барем малку ќе ја намалат досадата после работното време, наместо да се препуштаат на пиење и пушење“.
Воедно, истражувањето покажало и дека од досада страда секој 10-ти државен службеник. Жените пак, двојно повеќе се досадувале од мажите, а младите вработени и оние кои имале пред се физичка работа, исто така почесто се жалеле на досада.
И.Е. | Кајгана