Лечењето на ракот на дојката без операција и лузни како последица на операцијата досега беше незамисливо, но британски доктор разви терапија со светло, па пациентите повеќе нема да мораат под нож.

За детекција и убивање на клетките на туморот на дојката за прв пат е користено светло наместо класична хируршка операција. Пионерот на неинвазивниот третман е британскиот доктор Мо Кештгар.
Третманот е познат како фотодинамичка терапија (PDT) која вклучува вбризгување на лекот со инекција во телото, на местото на туморот. Лекот делува така што подрачјето на туморот го прави осетливо на светлина, а се активира кога со светло (црвен ласер) ќе се погоди во зафатеното пдрачје. Процесот го запира дотокот на кислород на малигните клетки и тие умираат.
Новата техника на отстранување на туморот на дојката е голем напредок во лечењето на оваа болест и добар темел за понатамошни онколошки истражувања. Првите зафати ќе се изведуваат во Royal Free Hospital во Лондон.