Иако претходно се веруваше дека квалитетните физички вежби во текот на денот може да помогнат при евентуалните проблеми со несоница, најновите истражувања го покажуваат токму спротивното.

Последното американско истражување на оваа тема вклучуваше активно надгледување на 14 "вежбачи" во текот на 23 дена, а единствениот заклучок до кој дојдоа научниците е дека испитаниците спиеле во просек 42 минути пократко кога вежбале, отколку кога не изведувале никакви физички вежби.
Доктор Арн Елиасон од медицинскиот центар Walter Reed Army, потврди дека резултатите од истражувањето се тотално спротивни од нивните првобитни очекувања.
"Најдобро и најквалитетно се спие во деновите кога физичкиот напор е минимален", објасни др. Елиасон, водач на истражувањето.
Ова испитување покажа уште еден интересен и неочекуван резултат. Според резултатите, испитаниците кои најдолго спиеле биле најпасивни во текот на наредниот ден, додека оние кои имале најкраток сон - биле најактивни во текот на денот.