Комбинацијата на бавна и брза музика добро влијае на кардиоваскуларниот систем и помага при опоравувањето од мозочен и срцев удар.

Италијанските научници открија дека музиката силно влијае на крвниот притисок и дека би можела да им помогне на пациентите кои се опоравуваат од срцев или мозочен удар. Тие докажаа дека музиката со побрзо темпо го зголемува притисокот и бројот на отчукувања на срцето, додека мирната музика ги намалува. Еднакво влијание има и гласноста на музиката.
При испитувањата, на луѓето вклучени во истражувањето им биле ставени слушалки на уши и биле поврзани на електрокардиограм кој ја мерел срцевата активност. Покрај споменатото влијание, во истражувањето е откриено и дека јачината и типот на музика влијаат и на кардиоваскуларниот систем и помагаат при процесот на рехабилитација.
Ете, и научен доказ дека музиката е лек за срце.