Виолетовиот компир го содржи вредниот природен адитив антоцијанин кој го спречува развојот на канцерогените клетки. Адитивот го има и во останатото овошје и зеленчук, но виолетовиот компир изобилува со него.

Новата храна која ќе придонесе кон подобрување на човековото здравје, од научниците наречена уште и „суперхрана“, покрај можноста за спречување на карциномот (поради што е и создаден компирот) има и низа други позитивни влијаниа врз организмот - го спречува стареењето и го чисти телото од токсини.
„Тајната се крие во виолетовата боја која содржи антоцијанин, кој го спречува ширењето на клетките заболени со канцерогени тела“, појасни Сојунг Лим, научник од Универзитетот во Канзас.
Антоцијанинот е состојка која се наоѓа во многу овошки и зеленчук, но посебно одгледуваниот виолетов компир го содржи во најголеми количини. Кога ќе може да го купиме по супермаркетите, сеуште не е познато, но од догодина ќе започне да се употребува во клинички цели.