Зеленски: Ќе прифатиме членство во НАТО ако ни го понудат

На Украина ѝ се потребни „сериозни играчи кои се подготвени да одат до крај“ кога станува збор за безбедносните гаранции, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски на државната телевизија.

Зеленски рече дека сè уште нема „конкретен список на земји кои се подготвени да бидат 100 проценти посветени на Украина“. Тој додаде дека Украина во моментов преговара за безбедносни гаранции со неколку земји, меѓу кои Франција, САД, Германија, Турција, Велика Британија и Полска, јави CNN.

„Потребни ни се сериозни играчи кои се подготвени да одат до крај. Ни треба група земји кои можат да ни достават какво било оружје во рок од 24 часа. Тоа мора да бидат земји кои имаат вистинско влијание врз санкциите и кои се подготвени да се мобилизираат веднаш откако ќе ни се закани Руската Федерација“, рече Зеленски.

„Тие земји би се обединиле. И во рок од 24 часа, два или три дена, би вовеле санкции, би блокирале сè. Тие едноставно би ја блокирале Русија“, додаде тој.

За членството во НАТО, Зеленски рече дека Украина ќе се приклучи на воената алијанса дури и ако Русија го постави како услов за мировни преговори неприклучувањето на Киев кон Алијансата.

„Ако утре ни биде понудено членство во НАТО без да ги ризикуваме животите на нашите граѓани, тогаш ќе се приклучиме“, додаде тој.

реклама

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе