Македонија

Земјотрес синоќа почувствуван во западните делови од државата

21. октомври 2019 - 9:30 | МИА

Скопје, 21 октомври 2019 (МИА) – Земјотрес со интензитет од три степени по Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во 23:15 часот во западните делови од државата.

Епицентарот на земјотресот е 115 километри југозападно од Скопје во соседна Албанија, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ. 

Коментирај