Земјотресот со јачина од 5,1 степен што ја погоди Црна Гора во 11:46 часот бил почувствуван во повеќе македонски градови, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија денеска во 11 часот и 46 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 145 километри северозападно од Скопје, во Република Црна Гора. Земјтресот беше со Рихтерова магнитуда од 5.1“, се вели во соопштението.
Од Сеизмолошката опсерваторија наведуваат дека овој земјотрес е почувствуван од населението во западниот дел на Република Македонија, и во градот Скопје, и тоа во Тетово и Гостивар со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Скопје, Струга и Кичево со интензитет од III – IV степени, додека во Охрид земјотресот се почувствува со интензитет од III степени според истата скала.