Земјотресот во Јапонија предизвика речно цунами
Земјотресот што ја погоди Јапонија предизвика мини цунами во реката Сунаоши во Тагјао. Од неверојатното видео гледаме како цунамито се движи низ реката по земјотресот од 7,4 степени.
Иако првично се очекуваше брановите да достигнат до 3 метри, на крајот не беа поголеми од еден метар. Во Јапонија постојано се чувствуваат силни земјотреси, затоа земјата инвестира во технологија со која може да се издржат потресите, пишува The Sun.