Филм & ТВ

Згодните спасувачи се подготвени за акција во новиот трејлер за „Baywatch“

10. јануари 2017 - 11:50 | И.М.

Објавен е нов трејлер за акционата комедија „Baywatch“, филмски римејк на истоимената популарна серија од 90-тите. 

Во новиот трејлер, згодните момци и девојки спасувачи се подготвени за акција и мисија која е многу повеќе од нивните спасувачки задолженија.

Гладвните улоги ги толкуваат Двејн The Rock Џонсон и Зак Ефрон, а на нив им се придружуваат и Пријанка Чопра, Александра Дадарио и Кели Рорбах, меѓу другите.

Гледачите ќе бидат почестени и со појавувања од страна на Дејвид Хаселхоф и Памела Андресон, ѕвездите на старата серија. Режијата на „Baywatch“ е на Сет Гордон, човекот зад Horrible Bosses, Identity Thief и други комични проекти. 

Погледнете го трејлерот:

Loading the player...

 

Коментирај