Свет

Жанин Ањез се самопрогласи за претседателка на Боливија

13. ноември 2019 - 12:12 | МИА/КАЈГАНА

Сенаторката Жанин Ањез се самопрогласи за за привремена претседателка на Боливија и кажа дека новите претседателски избори во земјата ќе се оддржат што е можно поскоро.

САД ја признаа Ањез за привремена претседателка на оваа јужноамериканска држава, напиша на Twitter в.д. помошник секретарот на Бирото на американското Министерство за внатрешни работи Мајкл Козак.

„Вршителот на дожноста претседавач на Сенатот, Жанин Ањез, ја презеде одговорноста на привремена уставна претседателка на Боливија“, рече Козак и додаде дека САД се радуваат на соработката со неа и другите цивилни власти, кои ќе организираат слободни и чесни избори што е можно побрзо, во согласност со боливискиот Устав, додаде тој.

Претседателските избори во оваа земја беа оддржани на 20 октомври на кои по првиот круг победа прогласи актуелниот претседател Ево Моралес.

Неговиот конкурент Карлос Меса кажа дека не ја признава победата на Моралес, по што почнаа масовни протести, што завршија со насилства низ цела земја.

Коментирај