„Специјалното јавно обвинителство (СЈО) треба да има време и простор за да ја заврши својата работа“, порача евроамбасадорот Самуел Жбогар, за време на посетата на Струмица, каде присуствуваше на изградбата на пречистителна станица за отпадни води.
„СЈО беше формирано со една цел, а тоа е да се одреди законската одговорност која произлегува од скандалот со прислушуваните материјали. На СЈО треба да му се даде време и простор за да ја заврши својата работа“, рече Жбогар.