Една жена загина, а нејзиниот сопруг се бори за живот, откако со автомобил „опел астра“ од засега непознати причини удриле во оградата на малиот мост на градската река во Прилеп и паднале во реката.
На местото на несреќата загинала 35-годишната Јулијана Ујгуноска од селото Боротино, а нејзиниот сопруг, Рубинчо (43) е префрлен во градската болница во Прилеп, информираат од Основното јавно обвинителство во Прилеп кое со полицијата направи увид на местото на несреќата.
Наредена е обдукцијата врз телото на починатата жена за да се утврдат причините за смртта.