Жестока дебата, Клинтон и Трамп не се ракуваа

Хилари Клинтон и Доналд Трамп ја завршија серијата на дебати во пресрет на претседателските избори во САД, со жестоката размена на обвинувања. Претседателските кандидати не се ракуваа пред почетокот на дебатата. Покрај тоа, последната дебата ја обележа Трамп, кој не одговори на прашањето дали ќе ги прифати резултатите од изборите.

Сите светски медиуми пренесуваат дека кандидатите за претседател на САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп не се ракувале пред почетокот на последната дебата, што влијаело врз текот на дебатата.

Трамп одговарајќи на прашањето на модераторот Крис Волос дали ќе ги признае резултатите од изборите, рекол: „На тоа ќе одговорам кога ќе дојде време за тоа“. Инаку, Трамп пред четири дена изјавил дека е сигурен дека изборите ќе бидат наместени.

Кандидатор на републиканците својата противничка ја нарекол „одвратна жена“.

Во текот на дебатата се провлекувала и сенката на рускиот претседател Владимир Путин. Хилари Клинтон рекла дека Путин сака Трамп да биде претседател, бидејќи сака американскиот претседател да биде негова марионета.

„Ти си таа која е марионета“, викнал Трамп, истакнувајќи дека Путин ја „надиграл“ и ја „надмудрил“ поранешната државна секретарка на САД.

Спротивставени ставови кандидатите имале и околу низа внатрешни политички прашања, како што се правото на абортус, носењето на оружје, а особено жестока била дебатата околу илегалните мигранти и планот на мексиканскиот претседател да подигне ѕид.

Трамп, исто така, истакнал дека Хилари Клинтон и сè уште актуелниот претседател Барак Обама ги организирале насилствата на неговиот митинг во Чикаго.

Хилари, во текот на дебатата истакнала дека ќе се заложи за ЛГТБ заедницата, дека ќе го брани правото на абортус и дека ќе се фокусира на враќањето на средната класа, односно дека ќе се бори мажите и жените да имаат исти плати.

За потсетување, Трамп, изминатата недела беше на мета на критиките откако во јавноста се појави снимка од 2005 година каде што тој има неколку невкусни коментари за жените.

Британски „Гардијан“ пишува дека оваа последна дебата не била толку „еднострана“ како првата во која сите ја прогласија Хилари за победник, ниту, пак, толку лична како втората, во која кандидатите се судрија на најбрутален начин, каков што не е виден во една претседателска дебата.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 8 ноември. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе