МК сцена

Журка со четири диџеи оваа недела во Младост-Лудост

18. август 2016 - 18:35 | Кајгана

Оваа недела (21 август) во летниот клуб Младост-Лудост во градскиот парк, ќе се случи хип-хоп и аренби забава со четири диџеи. 

Од Белград гостуваат DJ Architect и DJ BYP, а домашната поддршка ќе ја дадат добропознатите македонски диџеи Гоце и Чваре. Забавата започнува во 23:30 часот, а влезниците ќе чинат 150 денари. 

Со секоја купена влезница, посетителите ги очекува изненадување подготвено од Red Bull.

 

Коментирај