Фудбал

Зидан не е засегнат од шпекулациите за негова можна смена со Мурињо

22. септември 2019 - 10:10 | МИА

Мадрид, 21 септември 2019 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан реагираше на информациите за неговото евентуално разрешување. Според извештаите на медиумите, тој може да биде заменет со Жозе Мурињо, кој веќе го водеше Мадрид од 2010 до 2013 година.

– Се чувствувам сигурен, иако веќе пишувате како да ме отпуштиле од Реал Мадрид. Не сакам да размислувам за заминување и фокусиран сум на мечот со Севиља. Може ли Мурињо да ме замени? Овие гласини не ми пречат. Реал Мадрид е клуб каде, по првиот пораз, тренерите почнуваат да бидат разрешувани. Тоа е новинарска работа, вели Зидан за Marca.

По четири кола во првенството на Шпанија, Реал Мадрид го зазема 4. место со 8 бода. Натпреварот Севиља- Реал е закажан за утревечер со почеток во 22 часот.

Коментирај