Историчарите Хенрик Еберле и Ханс-Јоаким Нојман во својата книга „Дали Хитлер беше болен?“ наведуваат дека германскиот нацистички водач за време на своето владеење се клукал со дури 82 различни видови лекови.
Историчарите со поручување на медицинските архиви и некои тајни документи утврдија дека Хитлер не бил љубител на пилули и дека во кризни ситуации секогаш добивал некоја инекција, а меѓу споменатите 82 видови лекови кои ги конзумирал се нашле и помали дози на метамфетамин, подоцна наречени „спидот на Хитлер“, како и коктели на лекови од кои еден бил комбинација на семе и жлезден исцедок на млад бик.
Имено, еден од проучуваните документи потврди дека Хитлер бил уверен дека овие „продукти“ на бикот се многу добар афродизијак бидејќи се полни со тестостерон и ги земал во желба да ја задоволи својата 23 години помлада сопруга Ева Браун.
Докторите нормално не сакале да го доведат во прашање овој став на фирерот, па му давале што и да посакал.
Историчарите на крај заклучуваат дека сепак ниту една од болестите не влијаеле на неговата свест, односно заклучено е дека тој постапувал потполно свесно, односно во поголемиот дел од времето знаел што прави и бил свесен за последиците, известува Дејли Меил.
Б.И. | Кајгана