Ако сакате да ослабете без диета и вежбање, послушајте ги Бјело Дугме кога ви пеат “Ајдемо у планине“. Научниците открија дека престојот на големи висини топи салце лесно, брзо и трајно.

Стручниот тим на др. Флориан Липл од универзитетот Лудвиг Максимиланс во Минхен проучувал како еднонеделниот прeстој на планина влијае врз 20 мажи со прекумерна тежина, чија просечна возраст била 55,7 години, а просечниот индекс на телесна маса изнесувал 33,7. Истражувањето не вклучувало никаква друга промена, ни во физичката активност ниту во прехрамбените навики.
После една седмица помината на такви височини, научниците забележале губиток на килограми кај учесниците во истражувањето, помал внес на храна и значително подобрување на артерискиот притисок. Овие подобрувања траеле и по цел месец по враќањето на “ниско“.
Научниците веруваат дека тежината се намалува поради забрзаниот метаболизам, но и поради намалениот внес на храна. Губитокот на апетитот пак е условен делумно од „планинската болест“, а делумно од зголеменото лаечње на хормонот лептин, но и поради делување на засега непознати чинители.
Целосното истражување е објавено на он-лајн списанието Obesity.
И. Е. | Кајгана