Хуманитарецот Боб Гелдоф се подготвува на шефовите на БиБиСи да им достави официјална поплака поради репортажата во која се наведува дека парите собрани на Live Aid концертите во 1985. се искористени за купување на оружје за бунтовничката војска во Етиопија.

Во минатонеделната репортажа на БиБиСи се наведува дека 150 милиони долари собрани со концертите се искористени од водачот на бунтовничката војска Мелеса Зенави, сегашниот премиер на Етиопија, и потрошени за вооружување на милитантите во земјата. Гелдоф овие наводи бесно ги порекнува. Дотолку повеќе, им даде задача на уредниците на БиБиСи да му дадат конкретни докази дека нивната репортажа е веродостојна.
„Ако се увиди некоја некоректност, односно ако се покаже точноста на репортажата на БиБиСи, подготвен сум да поведам истрага, да информирам објективно и конечно да покренам тужба против владата во Етиопија“, изјави Гелдоф додавајќи:
„Во моментов не постои ниту еден доказ дека парите собрани со Band Aid и Live Aid концертите биле злоупотребени“.
Во неговата формална поплака до БиБиСи ќе му се придружат Уницеф, Црвениот крст и Оксфам.
Б.И. | Кајгана