Прво губреџија, после милионер, а денес без работа и со 42 фунти неделно - тоа е накратко животниот пат на британецот Мајкл Керол кој своите 9.7 милиони фунти добиени на лото ги потрошил на дрога, коцка и проститутки.
Мајкл Керол пред осум години, односно на 18 годишна возраст, освоил 9.7 милиони фунти на лото, но баш и не знаел паметно да ги искористи (сепак, тинејџерите не се познати по добри инвестиции и разумни одлуки). Најголемиот дел од стекнатото богатство “мудро“ го “вложил“ во секс со проститутки, наркотици и многу алкохол. Така, дневно пушел крек за 2.000 фунти и имал секс со четири проститутки на ден, што го чинело 2.000 фунти, односно 100.000 фунти за осум години.
Ваквото инвестирање пак, денес му се враќа со тоа што нема работа и живее од социјлна помош (патем, тврди дека му е подобро со социјална помош, отколку со милиони) .
„Забавата заврши и сега се вратив во реалноста. Полесно ми е да живеам со 42 фунти социјална помош неделно, отколку со големо богатство“, вели Мајкл. Освен што станал вака “продуховен“, па се радува на животот во сиромаштија, Керол научил и животна лекција од целово искуство: „Живеев луксузен живот, но сега сакам да се вратам на својата стара работа и нормално да заработувам пари. Би направил било што за да чесно заработам по некоја фунта“.
Дознајте повеќе за животната “авантура“ на Мајкл Керол од него самиот во видеото што следи: