Бразилските власти бесплатно ќе поделат 55 милиони кондоми во времето на одржување на карневалот во Рио, во рамките на кампањата против СИДА која е фокусирана кон жените и помладите хомосексуалци, најголемите жртви на пандемијата, соопшти бразилското министерство за здравство.

Фото: expatbrasil
„Најголемиот број на заразени личности меѓу 13 и 19 години се жените, а кај мажите меѓу 13 и 24 години болеста генерално се пренесува меѓу хомосексуалците“, се додава во соопштението на министерството кое и минатата година делеше кондоми по повод најпопуларната свеченост во земјата.
Најславниот карневал во Бразил, земја со 190 милиони жители, е оној во Рио, каде на 14. и 15. февруари на авенијата Маркез де Сапукаи, популарно позната и како „Самбадром“, се одржува „натпревар“ на дванасетте најславни школи за самба во земјата.
Проценките велат дека во Бразил има околу 630.000 луѓе заразени со СИДА. Секоја година во просек заболуваат 35.384 лица, по официјалните податоци, и оваа бројка не се менува.
Б.И. | Кајгана