Кога интелектуалките од Кембриџ имаат секс, цел град знае! Студентскиот сојуз добил 30-ина жалби поради гласните студентки, па затоа ги моли да не бидат толку “ентузијастични“ додека имаат секс.
400 студентки на колеџот Њунам, кој е во склоп на универзитетот Кембриџ, добиле мејл од Лизи Кол, претседателка на студентскиот сојуз со молба да си ја контролираат страста. Таа ги потсетила своите колешки дека ѕидовите на студентските соби се тенки , па додека тие викаат од задоволство, други не можат око да склопат поради нивниот мерак и заради тоа се жалат во студентскиот сојуз.
„Исклучително ми е непријатно кога ќе помислам дека некој ме слушал додека сум имала секс. Се зацрвенив откако го добив е-мејлот.Се обидувам да бидам тивка, но лесно е да се занесеш и да заборавиш дека ѕидовите се тенки“, вели една 20 годишна студентка која била меѓу опоменатите.
Инаку, ова не е првпат колеџот Њунам да биде поврзан со секс инцидент. Минатиот февруари во јавноста се појавија фотографии на студентки, членови на друштвото на Њунамшки калуѓерки, кои биле сликани во секси пози за време на пијана церемонија на инцијација, пренесува telegraph.co.uk.
И. Е. | Кајгана