Научниците го открија генот кој одредува дали личноста ќе старее побрзо или поспоро. Ова воедно значи и дека во иднина би можело да се влијае врз должината на животниот век.

Преку студијата во која учествуваа 10.000 луѓе, научниците од универзитетот во Лестер открија дека варијантата на TERC генот укажува со која брзина се одвива стареењето на човечкиот организам.
„Ова откритие прв пат ни дава подобар увид во билошкото стареење и е прв чекор во разбирањето на тоа зошто луѓето стареат. Кога целосно ќе го разбере ова, ќе бидеме во можност и да манипулираме со цел продолжување на животниот век“, вели професорот Нилеш Самани од универзитетот во Лестер, кој е еден од авторите на истражувањето објавено во списанието Journal Nature Genetics.
Клетките во телото постојано се заменуваат со нови. Меѓутоа, секоја нова клетка не е совршена како она пред неа, па токму затоа телото старее. Научниците се надеваат дека откритието ќе помогне во изнаоѓањето начин да се промени тој процес.
И. Е. | Кајгана