Во рамките на обележувањето на 250-годишницата од своето постоење, производителот на пиво Гинис нуди атрактивна главна награда - патување во вселената со летало на компанијата Virgin Galactic која е ориентирана на туристички вселенски патувања.

Еден од најпознатите произведувачи на пиво во светот на учесниците во наградната игра ќе им додели три награди. Главната е патување во вселената, втората - во длабочините на океанот, а третата, повторно патување, на концерт на The Black Eyed Peas. Во натпреварувањето може да земат учество возрасни луѓе од 28 земји од светот, преку официјалниот сајт на Гинис.
Најголемиот среќник ќе има прилика да биде еден од првите непрофесионални астронаути кои со првата вселенска комерцијална агенција Virgin Galactic ќе патува во вселената. После тренингот во Њу Мексико, победникот ќе ја обиколи Земјата и ќе испроба што значи да се биде во бестежинска состојба.
Второнаградениот со двајца пријатели ќе има прилика да го посети островот Лофотен, на северот во Норвешка, каде ќе го посети првиот подводен гинисов бар. Третата награда не е интересна. На здравје!