Лидерите на чешките конзервативци, на чело со донеодамнешниот премиер Мирек Тополанек од утре ја започнуваат кампањата за парламентарните избори. Кампањата започнува во Хрватска, а тие позираат во бермуди за капење.

Во некакво генијално сценарио за добивање на изборите кои ќе се одржат на есен, Тополанек и другарчињата одлучиле дека во моментов најпаметно би било да дејствуваат врз (отприлика) 800.000 чешки граѓани кои ги посетуваат јадранските плажи во Хрватска, па по патиштата долж хрватската ривиера ќе бидат поставени билборди на кои конзервативците ќе се појават во бермуди за капење, а како натпис ќе стои пораката: „Добредојдовте во Хрватска“.
На спротивната страна на автопатите, во правец кон Чешка ќе има билборди на кои четворицата „капачи“ ќе се појават потполно облечени и ќе порачуваат дека „Дома е најубаво“.
Идејата за кампањата се појавила во главата на поранешниот министер за внатрешни работи Иван Лангер кој тврди дека ова не е само кампања во пресрет на есенските избори, туку делумно станува збор и за кладба. Покрај Тополанек и Лангер, на билбордите се појавуваат поранешниот министер за земјоделство Петр Гандалович и градоначалникот на 13. прашка општина, Давид Водражка.
Само, да не ги сфати народот во стил „Еве ги овие, се соблекоа и се спремаат повторно да не...водат“, па да пропадне вака интересната замисла...