Внимавајте ако прдите на работното место, затоа што некој од колегите може да го доживее тоа како малтретирање и да ве тужи. Алан Купер ова најдобро го знае. Тој е веројатно и првиот човек кој добил тужба за ваква бизарна причина.
Но, Роберта Фејнсмит, 67 годишната (сега екс) асистентка на извршиот директор на еврејското теолошко училиште во Њујорк (кој во случајов е Алан Купер) не смета дека е “малку чудничко“ да го тужиш шефот затоа што прди.
Таа како причина за тужењето на Алан Купер го навела обвинувањето дека тој константно испуштал гасови со што им го загорчувал животот на вработените, ја “загадувал“ работната средина и ги правел условите за работа неиздржливи. Покрај ваквите “страшни“ активности Купер воедно и викал и пцуел според Фејнсмит, пренесува New York Post.
Сепак, изгледа дека прдењето не е она што вистински и' пречело на Роберта, туку фактот дека Алан Купер во март 2009. испратил мејл до сите вработени во училиштето во кој побарал оние постарите доброволно да заминат во пензија (а Роберта со своите 67 години сигурно спаѓала во таа група).
И. Е. | Кајгана