Кога вакви работи, кои некогаш се прераскажуваат како виц, некому навистина ќе му се случат, едноставно човек не знае што да каже. Освен, можеби: тие се морони, тој е тежок, тежок баксуз.

Една клиника од градот Вастерас во средишна Шведска е пријавена поради стерилизација на погрешен пациент. Според податоците од тужбата поднесена до ресорната здравствена служба, на пациентот кој на 22 јуни дошол на биопсија на простата по грешка му е изведена вазектомија.
Имено, докторите „заборавиле“ да го проверат идентитетот на пациентот (или да погледнат во календарот) и го извеле зафатот кој бил закажан за друг пациент кој требало да биде опериран ден подоцна. Се уште не е познато какви санкции ќе сноси болницата и кои се генијалците кои ја извеле операцијата.
Лошо, лошо, лошо.