Долго време постои верувањето дека мачките се попаметни животинки од кучињата, а сега изгледа истото може да се каже и за нивните сопственици - барем според некои научници.
Личностите кои имаат мачки во најголем број на случаите имаат и факултетска диплома, за разлика од сопствениците на кучиња, покажа научното истражување кое ги проучуваше сопствениците на домашни миленичиња.
Меѓу заклучоците на студијата стои и дека образованите луѓе работаат подолго и бираат миленичиња кои им одговараат на нивниот животен стил. За разлика од кучињата, мачките немаат потреба од редовни прошетки и повеќе им одговара „самотничкиот“ живот.
„Не мислиме дека тоа е поврзано со примањата бидејќи и тоа беше една од варијабилите кои ги проучувавме, а се покажа дека не прави разлика. Мачките не бараат многу внимание, така што се попопуларен избор за луѓето кои работат до доцна и патуваат често“, тврди професорката Силвиа Бисти која го раководеше ова истражување.
Освен тоа, резултатите на истражувањето покажаа дека сопственици на мачки најчесто се повозрасни жени.
Б.И. | Кајгана