Евентуалниот мамурлак е изгледа мала цена што треба да се плати за сите позитивни страни кои ги има консумацијата на вино. Имено, уживање е за сетилото за вкус, подобрува расположениe, забрзува циркулација, го штити срцето, а воедно помага при одржувањето на добра линија.

Жените кои уживаат во чаша-две вино дневно, помалку се дебелеат од оние кои строго се држат до минералната вода и газираните сокови, тврдат научниците. Сепак, во случајов предност му се дава на црното вино.
Истражувањето спроведено на Бригам и Женската болница во Бостон, кое траело 13 години и кое опфатило19.200 жени покажа дека телото ги процесира калориите од алкохолот на поинаков начин отколку оние од храната. Овој заклучок можеби го објаснува и фактот дека Италијанките и Французинките потешко се дебелеат, иако редовно пијат вино со оброците.
Научниците веруваат дека кај љубителите на вино црниот дроб развива поинакви методи за разградување на алкохолот, па вишокот на енергија најчесто брзо соговорува и не се претвора во масно ткиво. Така, на пример, 120 калории од мала чаша црно вино телото веднаш ќе ги согори, а истот број на калории внесени преку конзумирање на парче пица ќе се претвори во маснотија.
Резултатите покажаа дека најмалку се дебелеат жените кои конзумираат умерени количини на вино, односно по една до две чаши дневно. Вно е да се има и во предвид дека не се сите видови на алкохол се еднакви, па жестоките пијалоци и пивото немаат добро влијание врз женската линија како виното.
И.Е. | Кајгана