Вселенски воајери и „риалити шоу“ фанови, имаме интересна вест за сите вас: НАСА започна со „реално шоу“ од Меѓународната вселенска станица. Информативно, нема гласање и фала богу, исфрлање од „куќата“ :)

Фото: arll.org
Проектот овозможува сите заинтересирани за работата на астронаутите на станицата, односно за тоа како функционира животот на астронаутите во такви услови, да може да ги проследат нивните активности преку лајв стриминг (следење во живо) на страницата на НАСА.
Ова е прв пат во историјата широката јавност да има една ваква можност.
Преку камерите сместени на МСС заинтересираните ќе можат во живо да ги следат секојдневните активности на астронаутите, и рутинските и специјалните, какви на вселенската станица која лета на висина поголема од 300 километри има постојано.
Од НАСА велат дека ќе биде овозможено и слушање на комуникацијата меѓу астронаутите и контролата на Земјата, а камерите ќе бидат вклучени во времето во кое екипажот на МСС е на службена должност.
Вселенски воајери, повелете тука.
Б.И. | Кајгана