Исфрустриран од корупцијата во својата родна Гватемала, господин Анлеу одлучи своите фрустрации да ги искаже на Twitter. Исфрустрирани од него, властите одлучија да го пикнат во затвор.

Пишувајќи под псевдонимот „jeanfer“, Анлеу им советувал на сите клиенти на Banrual (банки за рурален развој) да ги повлечат своите пари откако управата на банката се најде среде политички скандал.
Пораката гласи: „Првата конкретна акција би требала да биде повлекување на парите од Banrural и предизвикување на банкрот на корумпираните банки“.
Ова не му се допадна на државниот обвинител Џенаро Пачекоема според кој мистер Анлеу со изјавата сериозно ја поткопал вербата на јавноста во банкарскиот систем на Гватемала. Органите на редот и мирот после претресот на куќата на Анлеу пронашле докази кои потврдуваат дека тој е автор на пораката и во истиот момент го привеле.
Пораката ви е јасна. Запаметете: Гва-те-ма-ла.