Бизнис

Златото до нова рекордна цена

23. февруари 2009 - 14:31 |

На Берзата на метали во Њујорк златото денеска поевтини под граница од 1.000 долари за унца (31,1 грам), но аналитичарите сметаат дека е само прашање на време кога цената на овој метал ќе порасте на нова рекордна вредност, како резултат на неговата зголемена побарувачка во услови на глобалната економска криза.

Златото денеска на Берзата во Њујорк се продаваше по цена од 988 долари за унца, додека во петок чинеше 1.005,40 долари, што е 2,5 отсто помалку во однос на историскиот рекор од 1.030,80 долари за унца од март минатата година.

Според аналитичарот на фирмата „Мицубиши Корп Фјучерс“, Шуџи Сугата, доколу цената на златото остане над 1.000 долари за унца и се доближи на историскиот рекорд од 1.030,80 долари на почетокот на неделава, до петок би можело да биде поставен нов рекорд.

Наспроти падот на индексите на светските берзи на акции, се поголемата побарувачка на златото придонесе овој метал од почетокот на годината да поскапо за 12 отсто и покрај намалувањето на обемот на пазарот  во индустријата за производство на накит.

Менаџерот на јапонската филијала на „Стандард банк“, Јуичи Икемиз  смета дека ако акциите продолжат да паѓаат, цената на златото ќе продолжи да расте.

Коментирај